Колумни

КАРАНТИН!!!!!

Е КАРАНТИН ДЕ

НЕМА ТУКА ТРТЕ МРТЕ

Најверојатно сите со нервите сме при крај. Прагот на толеранцијата е на многу ниско ниво. Почнуваме да реагираме на сѐ и сешто. Секој ни е виновен. Сите околу нас се недисциплинирани, не почитуваат пропишани уредби кои се прават за да се спречи многу полоша состојба.

Каква е оваа ситуација!

Имаме два избора, или да ги почитуваме мерките, или да не пуштат како овци од трло, без шарпланинци чувари, меѓу глутница волци, па која овца ќе преживее ќе раскажува. Демек раскажувам гачки за колективниот имунитет.

Чуден е овој народ! Секогаш сѐ нешто му пречи. Ќе ја употребам српската „рџаво к…у и длаке сметају“.

Кога требаше да го славиме Велик ден не чув скоро ниеден од муслиманските браќа да се побуни против долгиот карантин и обратно, сега кога наближува Курбан Бајрам многу малку од православциве се побунуваат. И тука сме поделени. Се почесто слушам: Е па кога ни го „забранија нашиот свет празник“ нека видат сега и тие како е!

Глупости невидени. Им одиме на рака на тие кои сакаат да владеат со нас. Максимата DIVIDE ET IMPERE (РАЗДЕЛИ, ПА ВЛАДАЈ) денеска доаѓа до полн израз. Со сите средства се служат само и само да ни го одвлечат вниманието од нивната неспособност. Кога велам неспособност тука не мислам на Министерот за здравје, кризниот штаб, Председателот Пендаровски. Ако некој од нив го чита ова добро знае на кои мислам.  А бе отворено, на сите останати мислам. Тука имам мааалааа дилема околу Царовска.

Не исподелија, не извадоа од памет, а тие си прават меѓу себе сплетки, си подметнуваат разни игри и повторно со една единствена цел, а тоа е да ни го одвлечат вниманието од нивната неспособност.

Е мои министерчиња (слуги мои) заборавате зошто сте во тие фотелји залепени за вашите задници. Си го начекавте најуспешниот Министер ( во вистинска смисла на зборот мој слуга) и се обидувате на него да се вадите, а имам сознаниа дека дури и нему се обидувате да му подметнувате.

Лесно ви е да си владеете кога имате кретенска опозиција полна со самовљубеност, со измислена интелектуалност, со доодени и неписмени политиканти. Далеку сме ние од Демократија. Ние сме злоупотребувачи на тој измислен термин ( DEMOS-народ и CRATIA – власт).

Се забележува дека сум многу гневен, се забележува дека и јас сум на крај со нервите.

Затоа да не го тупам многу ќе дадам само еден мал пример.

Во војска ( за жал денес младите тој „факултет“ го немаат завршено) редовно се вежбаше на полигон „строеви корак“. Старешината, некое младо водниче, контролираше како се „ гази“ и а видеше некој дека греши громогласно ќе извикаше ОСТАВ и ги тераше сите, а не само оној кој згрешил, да тргнат од почеток и често знаеше да им каже: Има да ми научите да марширате ко еден па ако треба и м……а до коленици да ви дојдат.

Па така и со карантинов. Не му се лутете на Министерот и кризниот штаб. Тие едноставно ни даваат ОСТАВ заради не многу недисциплинирани. Доволно е само еден заразен да прошета (директорката на токсикологија) и да почне да се шири заразата.

Затоа ОСТАВ и марш во карантин.

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори