Колумни

И така е пепел со вирусов…

Уште утре отворете ги границите за слободен проток на патници, без тестови, без карантини и други перипетии.
Во спротивно ќе останат без работа и без пари многу луѓе од туристичкиот сектор, хотели, мотели, туристички агенции, рента кар агенции и многу други. Па луѓето водат бизнис со Грција, со Србија, со Албанија, со Бугарија, со Косово и со многу други земји. Тие луѓе пари носат, плаќаат царини, даноци. Имаат вработени во своите фирми. Со што да ги платат!? Многу наши и работат во соседството, во странство, да не можат дома да си дојдат!?
И онака слушаме дека недоволно се полни буџетот.
Зошто свесно или несвесно уште повеќе да ги влошуваме економсите и финансиските состојби во државата.
Ветивте јавно дека викендов ќе расправате за тоа, ама сеуште нема ништо.
Стварно не ми е јасно!?
За сите задолжително важи носење маска, дистанца 2 метри и често миење раце.
Зошто државата да плаќа огромни суми народни пари за државен карантин по разни хотели, мотели, и други објекти. Па уште полициско обезбедување, лекарски тимови, тестови!?
Тоа многу кошта, многу народни пари, а речиси нема никаков ефект против Ковид19.
Зошто!? Се плашиме дека некој од надвор ќе ни го донесе Ковид19!?
Ако е негативен, секаде во светот е негативен на Ковид19, зошто не и кај нас!?
Вирусот е кај нас најшироко распространет. Нема од надвор веќе никој да ни го донесе. Тој е веќе тука насекаде околу нас. Имаме дури и за извоз.
Која е логиката!?
Демек се штитиме!?
Од кого ние се штитиме!?

 

Не сакам да помислам дека провизии се во прашање, во услови на пандемија!?
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори