Македонија

Исполнета е нашата стратешка цел, станавме 30. членка на НАТО

сојузници сме со најмоќните држави во светот, обезбедена е нашата иднина

Во овие тешки моменти на голема здравствена криза, македонските граѓани имаат причина да бидат горди и среќни.
Исполнета е нашата стратешка цел, станавме сојузник со најсилните држави во светот.
Храбрите и успешни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев постигнаа огромни резултати.
Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.
Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.
Членството во НАТО обезбедува сериозни економски можности и перспективи.
Веднаш  по надминувањето на светската здравствена криза со корона вирусот, на нашата земја ќе и се отвори пазар вреден четири милијарди евра годишно, но и перспективата со странски инвестиции.
Токму членството во НАТО и отворањето на економските можности за Северна Македонија надвор од границите, ќе преставува олеснување во надминувањето на економските од пандемијата со коронавирусот.
Сега сме исправени пред друг предизвик, сега капацитетите на државата се насочени кон здравјето и животот на граѓаните за заеднички да се справиме со сите опасности од вирусот и да ги намалиме економските штети.
Успесите што ги постигнавме на меѓународен план, членството во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ, се мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата и да продолжиме да чекориме по патот на успехот.

 

 

Скопје, 28 март 2020

 

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори