Македонија

Информација за организирањето авионски превоз за државјаните на Северна Македонија

во странство кои сакаат да се вратат во земјата

 

Согласно Уредбата со законска сила за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство за време на вонредната состојба, Владата на Република Северна Македонија ќе организира авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство, се организира авионски превоз на македонските граѓани со моментален престој во странство.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе објави јавен повик по дестинација и број на патници врз основа на доставените листи од страна на Министерството за надворешни работи, со цел прибирање на понуди за чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.
По објавување на јавниот повик од страна на Генералниот секретаријат крајниот рок за прибирање понуди е 12 часа од моментот на објавување на повикот.
Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниската цена.

 

Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.
Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.
Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:
Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник   630010001963019
Приходно конто   725939  00
Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.
Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.
ИЗВОР/ВЛАДА НА РСМ
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори