Македонија

ИМА ЛИ СПАС?!

ОД НАЦИОНАЛИЗМОТ!

ЛИЧНО СУМ УБЕДЕН ДЕКА ИМА

Можеби, сигурен сум, дека овој текст ќе предизвика гнев кај многумина. Кај оние тесногледите и кај оние затруените со НАЦИНАЛИЗАМ.

Кога еднаш ќе сватиме дека национализмот е многу поблиску до фашизмот одколку до слободниот демократски живот кон кој се стремиме!

Кога ќе сватиме дека национализмот не соодветствува со нација. Првиот тежнее кон шовинизам, понекогаш расизам, а вториот кон граѓанство, односно без вториот нема Граѓанска држава. Сето сублимирано би не довело до една состојба, а тоа е дека во една Држава живеат само Граѓани насловени со името на истата. Од сето ова произлегува, за да бидам појасен, дека во Македонија живеат МАКЕДОНЦИ. Македонци од различни етникуми и ништо повеќе, а ни помалку.

Кога ќе сватиме дека етничката определба, религиската определба, е интимна категорија. Дома можеме како сакаме да се однесуваме, да се молиме, едноставно да бидеме тоа што чувствуваме.

Но, надвор, во нашата Татковина треба да бидеме единствени и да ги браниме интересите на истата.Не е ова некоја голема мудрост која излегува од мене.  Од мене не мудрост, од мене произлегува гнев заради големата политикантска површност и тесноградост на „нашите“ политиканти кои подалеку од носот не гледаат.

Во мојот дом секогаш се говорело српски. Значи ли тоа дека јас сум србин. Да јас  сум со српско, но и со македонско потекло. Но, сето тоа не ме довело во ситуација среде Македонија да се нарекувам СРБИН. Напротив јас сум МАКЕДОНЕЦ и горд сум на тоа.

Оваа мала исповест ја пишувам како порака до сите оние кои поинаку мислат.

„Драги“ НАЦИОНАЛИСТИ ако поинаку мислите и ако сте мнозинство на оваа напатена земја и нема спас. Самите вие од петни жили се стремите да го дораскусурат и ова мало парче наречено Македонија.

Сите етникуми бараат некои права. Во ред е да ги барате ако ги немата! А ги имате, ги имате и тоа на претек. Верувајте ми дека заради вашите националистички претензии се чувствувам како граѓанин, не од втор ред, ами граѓанин од петти ред.

Браќа албанци барате премиер од вашиот етникум. Премиер биран во два града и четири-пет села. Не сте во право и нема да бидете.

Во ред, согласен сум, нека биде македонец од албанскиот етникум, но со врвни квалификации во кого ќе имам бескрајна доверба. Македонец од албански етникум кој нема да поаѓа од позиција на национализам. Доказ дека така мислам е 1999-тата кога на претцедателските избори гласав за Имер Селмани и пак би гласал за него и неколкумина слични во кои имам бескрајна доверба.

Разно разни србенди ми су мотаат низ собраниските клупи, се моташе и еден ром од кој дури и ромите се срамеа.

Да не должам со овој текст ќе побарам само едно. Да им се потсечат крилата на НАЦИОНАЛИСТИТЕ и да се укинат сите партии со НАЦИОНАЛИСТИЧКИ предзнак. Само на тој начин ќе се избориме ние, граѓаните од петти ред за Граѓанска држава.

Од мене толку, а вие националистите почнете со псовки упатени кон мене.

СЕГА, СТАРТ

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори