Хроника

Извршен увид од јавен обвинител за пронајдено безживотно тело во Осој

Вчера попладне, на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“, полициски службеници пронашле безживотно човечко тело во распаѓање. Местото веднаш е обезбедено, а денеска, започнувајќи од утринските часови, извршен е увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи. На местото на настанот беше присутна и екипа на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Во текот на увидот, по наредба на јавен обвинител, телото е откопано и веднаш е предадено за обдукција. Обезбедени се траги од лице место и по наредба на јавниот обвинител тие ќе бидат извештачени.

Воедно, ќе се прават и други проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација.​​

 

извор / јорм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори