Македонија

Известување од МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека  согласно Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа и телеграмата од министерот за внатрешни работи и дополнителниот заменик на  министер, работното време во организациските единици на Министерството  и на подрачните единици на Одделот за граѓански работи од 24. 04. 2020 година, е организирано со почеток од 8:00 до  16:00 часот.

Ве известуваме дека од страна на Одделот за граѓански работи беа доставени насоки до сите подрачните единици под негова надлежност, сите граѓани кои имаат закажано во термините после работното време да бидат примени во било кое време, во истиот или наредните денови од закажаниот термин.

Насоките доследно се спроведуваат од подрачните единици, за наведеното е известен и економскиот оператор надлежен за закажување на термини за поднесување на барања за лични документи.

 

извор / МВР

 

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори