Социјални Мрежи

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ!

Секогаш ја објавувам оваа слика кога му треба поткрепа и подршка на мојот Пријател, Другар, ЛИДЕР и ЧОВЕЧИШТЕ Зоран Заев.

Фотографија на Ване Цветанов.

Многумина ми пишале дека е премногу понизно моето однесување кон него и слични бла, бла, бла муабети.

Еве сега ќе обелоденам некои факти:

1. Зоран Заев повеќе од 13 години нема земено плата, а истата ја дели со оние кои имаат потреба.

2. Многу пати сум рекол, дека на режимот им ги опростувам монтираните притвор и судски прогони. Но тоа што пуштаа полициски инспектори во приватни фирми каде што аплицирав за работа, за да се закануваат на газди на фирми, за да не ме земат на работа, НИКОГАШ НЕМА ДА ИМ ГО ОПРОСТАМ! Режимот се закануваше и на фирми каде што аплицирав за ОПШТ РАБОТНИК!!! Само за чесно и машки да заработам леб… Целта им беше да ме умрат од глад!

Во оваа состојба, кога бев целосно изолиран и отфрлен, Зоран Заев ми го спаси животот со тоа што редовно финансиски ме помагаше цели 2 години. (Тука се уште и двајца бизнисмени кои помагаа по неколку месеци за да преживеам).

Драги пријатели,
ваквото добро НЕ СЕ ЗАБОРАВА!

Во време на терор и режим, во време кога инспектори од МВР се закануваа со цел да спречат да ми се даде и обична физичка работа,
Зоран Заев без да побара ништо од мене, ми го спаси животот. Со дел од својата плата го финансираше моето преживување цели 2 години.

Јас не сум човек кој што заборава таква добрина.

Знам да ценам ЧОВЕЧНОСТ и ХУМАНОСТ.

Одовде, не сакам да слушнам збор против Зоран Заев!
Секој непријател на Заев и Заеви е мој непријател, а секој пријател и почитувач на добрината и човечноста на Заев е мој ПРИЈАТЕЛ.

Денеска,
Јавно посакувам здравје, среќа, радости, успеси и Божји Благослов, за Зоран Заев и цело семејство Заеви!
Бог да ги Благослови со се најдобро!

На Вас драги пријатели,
Ви посакувам убав викенд и убави моменти со Вашите семејства за време на викендот.

Сите Вас Бог да Ве Благослови!

Да сте ми живи и здрави!

Голем поздрав до сите!

Ване Цветанов

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори