Хроника

За вкупно 12 прекршители на полицискиот час во Тетово побарани парични казни

Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители му предложија на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​

 

извор / јорм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори