Македонија

Заев до верниците: Значењето на Велигден охрабрува, повторно да победи животот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на сите христијански верници, кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден.

„Во мое име и во име на СДСМ Ви го честитам големиот празник Велигден!

Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје.

Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме.

Значењето на Велигден охрабрува, заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот.

Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски.

Животот ја победи смртта, Христос воскресе.” стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

 

Со почит,

Скопје, 12 април 2020  

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори