Социјални Мрежи

ЗАВРШИ ПРЕСОТ НА ФИЛИПЧЕ

Е СЕГА МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИРА

Е СЕГА ДА ВЕ ПРАШАМ ЈАС ВАС

Заврши Филипче…
Сега може да се постира.
Е сега да ве прашам нешто јас вас сите.
Знаете ли на што се должи Феноменот Филипче и над 80% Доверба кај граѓаните во било која анкета, чива и да е??
Многу едноставен е одговорот
Не настапува Партиски!!!
Во ниту еден момент во ниту една реченица во ниту еден збор не настапува партиски.
Секогаш се држи до струка и нај баналните и нај глупите прашања не менува гримаса туку ги одговара колку и да се глупи и небулозни прашањата.
Се обидува и најј партиски спинуваните прашања да ги одговори од стручен интерес не партиски, не обивинува никого не напаѓа никого.
Веројатно човекот сватил од што е презаситен народот и решил да внесе нов вид на министерување во владата.
За мене и од мене…
Секоја Чест друже секоја чест
Особено кога знаеме дека постојат министри кои без лидерот да аминува не би прднале.
Особено во ера во која полека но сигурно излегуваме од периодот партијата над државата и партиските злоупотреби на државните ресурси, додуше командант “Одсјаји” не потсети малку каде бевме ако сме заборавиле.
Лично мислам дека овој ваков начин на владеење е модел како во иднина како во преговори и како и нај непознатото за нас може да биде мошне ефикасно совладано.
Додуше има четри пет такви во истава гарнитура кои сакате верујте сакате не пленат со својот настап.
Сакам бре, кога ќе видам над партиски настап, сакам.
Сакам да видам кога излегувате од глувчевските дупки на партиите и кога се држите до своето.
Еднаш реков ќе повторам…
Човеков кај и да се појави во чиј дрес и да е, секогаш, ама баш секогаш, ќе го заокружам…
Поздрав од мене, а вие останатите размислете кога изигравате хемероиди на лидерите…

ЕРОЛ ЕРКО ОДИСЕА

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори