Социјални Мрежи

ЗАБРАНИ а не ПРЕПОРАКИ

Јас под воведување на Вонредна состојба, во овие услови, меѓу другото, подразбирам и задолжително ограничувањето на движењето на граѓаните. Значи да се забрани шетае и контакти со други луѓе. Од дома да смее да се искача само за неопходни работи (одење на работа, купување храна, лекови, одење во медицинска установа, банка). Ако биде како до сега, кој каде сака да оди, ништо нема да направиме во спречување на ширењето на пандемијата. Изминативе денови сите видовме дека Препораките во голем број не се почитуваат. За жал, свеста на многумина граѓани под секое ниво. Затоа, треба Забрани а не Препораки. Непотребните контакти, собирањата, славења, журки и дружења на луѓето да се сведат на минимум. Тоа е најсилниот ”ЛЕК” против ширењето на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Друг лек во светов засега не постои. Не дека јас лично посакувам некој нешто да ми забрани, ама така мора да биде, ако сакаме да се извлечеме од оваа досега невидена светска чума.

 

Tomas Jefferson

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори