Македонија

Д-р Сашко Јовев за трансплантацијата „Ова е круна на македонската медицина”

Директорот на Клиниката за Државна кардиохирургија д-р Сашко Јовев, на прес-конференцијата по повод првата трансплантација на срце потенцираше дека овој чекор е круната на македонската медицина.„Ова е круна на македонската медицина. Би сакал најнапред да се заблагодарам на фамилијата на донорот, која што овозможи да спасиме еден друг живот. Понатаму, посебно би сакал да се заблагодарам на министерот Филипче и нашата Влада кои што овозможија да се изведе сето ова и да продолжам со целиот тим на Универзитетската Државна Кардиохирургија, на Координаторот за трансплантација и нејзиниот тим, како и на колегите од останатите институции со коишто заедно, практично го изведовме ова и покажавме дека заедно сме појаки и може да направиме многу“, изјави директорот Јовев.

Тој информираше дека пациентот засега е добар и се надева дека ќе остане добар.

„Ова, не само што преставува, само по себе, како зафат, круна во кардиохирургијата и во медицината, туку претставува и заокружување на еден процес, што го започнавме, процес на лекување на терминалната срцева слабост. Патологија, која што е се почеста. Патологија, која што во светот завзема епидемиски размери. Лекувањето на терминалната срцева слабост, го започнавме со имплантацијата на уреди, така наречени механички помагала или популарно кажано механички срца. Но, сепак трансплантацијата на срце е можеби одговор, кој што најретко ќе го добиеме е сепак најдобар и сепак може да овозможи најпристоен и најдолг живот за оној кој што ќе го прими, односно оној на кој што ќе му се имплантира тоа срце. Се надевам дека ќе продолжиме во овој правец, она за што најмногу треба да се бориме е да некој начин имаме што повеќе донори. Затоа што самата медицина, технологија, веќе ја усвоивме. Имаме одлични тимови, одлично сме координирани. Останува да имаме доволно срца за да спасиме доволно животи“, рече д-р Јовев.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори