МакедонијаСоцијални Мрежи

Д-р Сашко Николов : Драги сограѓани и сонародници

Со оглед дека делиме иста мака, но пред се и поради мојата одговорност, што како доктор ја имам пред моите пациенти, пред моите штипјани, сакам со Вас јавно да споделам детали од изминатите денови, кои за мене и моето семејство беа исклучително тешки.
Како доктор, како што налага докторската професија, речиси секојдневно бев во контакт со пациенти кои доаѓаат во КБ Штип, а со тоа бев и изложен на ризик да стапам во контакт со пациенти заразени со коронавирус.
За жал, не се сеќавам дека во тој период некој напиша или јавно покажа загриженост дека овој човек, овој доктор, татко и сопруг, кој работи за нашето здравје, може дома да донесе и пренесе вирус. Поддршката ја имав од мојата сопруга за цело време додека бев ангажирам секојдневно по 12 часа на ден, па и преку викендите.
До сега не реагирав и не напишав апсолутно ништо, бидејќи чекав да пристигнат резултатите од корона тестот. Не се грижев за себе, туку најголема грижа беше мојата 2.5 годишна ќерка и мојата сопруга. Чувствувам одговорност со Вас да ги споделам сите детали, за да конечно престанат лагите коишто секојдневни не трујат и имаат за цел, да не дискредитират и како професионалци и како луѓе!
Фактите се следни:
1. Моите блиски луѓе, кои беа затекнати на одмор во Копаоник, Р.Србија, се вратија веднаш кога властите во Р. Србија, објавија вонредна состојба.
2. Уште пред да тргнат, стапивме во контакт и ЈАС им дадов инструкции, дека кога ќе се вратат дома ќе бидат во изолација. Без приговор истото го прифатија.
3. Истиот ден ги известив и епидемиолозите во Штип, а тие ги известија колегите во Скопје и дадоа препорака дека според СЗО, Р. Србија не спаѓа во критичните земји и за сите што доаѓаат од тој регион, нема мерки за изолација!!!
Она што е важно е дека и покрај ваквиот одговор, моите блиски луѓе, ме послушаа и само што се вратија од патувањето, останаа во домашна изолација до денешен ден. Одлучија на свој трошок да направат тест за коронавирусот и лично јас, како доктор, на 20.03, со соодветна заштита на рацете и лицето (истата таа што ја имам и додека ги прегледувам болните во КБ Штип), им земав брисеви и ги испратив на тестирање.
4. Откако пристигнаа резултатите, веднаш стапивме во контакт со Центарот за Јавно Здравје, каде во детали се дадени горе напишаните информации.
5. Сите членови од нивниот дом, според препораките на СЗО, се ставени во домашен карантин, под посебни мерки.
Јас, мојата сопруга и мојата 2.5 г ќерка, не сме опфатени под ниедни мерки, зошто не сме ни имале контакт со истите.
Мои драги сограѓани,
Одговорно тврдам, дека од нивното пристигнување во Штип, до денес, никој од нив, дури ни малото детенце, немале контакт, ниту со мене, ниту со мојата сопруга, ниту со мојата ќерка.
Но, сепак воден од мојата професионална одговорност како доктор, ЈАС САМОИНИЦИЈАТИВНО, одлучив моето семејство да го ставам во самоизолација, за да спречам недоразбирање, но пред се да спречам немир кај Вас.
ДРАГИ МОИ ШТИПЈАНИ, ДЕНЕС ПРИСТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТЕСТОВИТЕ ЗА КОРОНАВИРУСОТ И СРЕЌНО ОБЈАВУВАМ ДЕКА МОЈАТА ЌЕРКА(НАЈБИТНО), МОЈАТА СОПРУГА И ЈАС, СМЕ Н Е Г А Т И В Н И ЗА ИНФЕКЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ.
Но, за жал, во сеќавањето на моето семејство и мојата фамилија, ќе останат телефонските јавувања, коментарите на сите социјални мрежи, нивните статуси, кои не беа и сеуште не се лесни за мојата фамилија и на крај за мене.
Без разлика на се, јас и понатаму сум доктор на сите граѓани и повторно апелирам, ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ И ДА БИДЕМЕ СЛОЖНИ И СПЛОТЕНИ, зошто само така ќе излеземе од оваа за нас тешка состојба!
Ова е време кога сите треба да бидеме одговорни и за себе, но и за другите. Ова е време кога треба да покажеме солидарност, но и време, конечно да се престане со ширење на лажните вести и собирање политички поени на еден подмолен начин, кој може длабоко да повреди некого.
Јас ќе бидам во секојдневен контакт со Центарот за Јавно Здравје, ќе бидам во контакт со колегите од моето кардиолошко одделение и веднаш штом дозволат условите, се враќам на своето работно место, да се борам против невидливиот непријател, кој ни ги промени животите. Заедно ќе го победиме и само ЗАЕДНО ќе излеземе посилни од оваа борба.
Ви благодарам за трпението да ме прочитате

 

Искрено Ваш
Д-р Сашко Николов
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори