Македонија

ДУИ со мораториум на сите изборни активности

ДУИ: Од денес, мораториум на сите наши изборни активности. #СеГрижиме

Централниот Изборен Штаб на ДУИ, по телефонските консултации со лидерите на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

Во недела, на 22 март, лидерите би требало да се сретнат за да донесат заедничка одлука согласно околностите.

Апелираме до граѓаните да не паничат, да останат дома и да се присебни почитувајќи ги насоките на авторитетите.

За сите граѓани кои имаат потреба да им се излезе во пресрет, нашата телегонска линија 08005500 ќе биде на располагање од Понеделник заедно со нашите активисти и сите наши структури при што сите тие ќе ги почитуваат препораките за претпазливост со употреба на ракавици, маски, дезинфекција.

 

извор/дуи

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори