Колумни

Д-р.Николов “Не постои глупаво прашање, но постои глупав одговор”

Како доктор-кардиолог и како едукатор, имам став према моите студенти и специјализанти, према моите пациенти и према секој заинтересиран за кардиологијата, да слободно може да постави прашање, какво сака, кога сака, како сака и колку сака, зошто моето мото е:
“Не постои глупаво прашање, но постои глупав одговор”.

За жал на денешниот прес на министерот Д-р Венко Филипче, кој сите со нетрпение го чекаме за да ја слушнеме фактичката состојба во државата, се изнаслушав се и сешто.

Веднаш морам да го објаснам она што мене и лично како кардиолог интензивец, ме погоди. Сите доктори, кои работат интензивна нега, знаат да работат со секаков тип на респиратор за механичка вентилација и верувајте дека тоа се врвни професионалци, кои на највисоко ниво, според сите светски протоколи си ја извршуваат својата работа.
Со едно несоодветно прашање може да навредите целата докторска фела, која пожртвувано, секојдневно се бори, за да ги заштити животите на сите граѓани.
Кога учиме за работа во интензивна нега, прво учиме историја на медицина, каде ги запознаваме луѓето кои ја вовеле и спровеле соодветната дејност, па потоа ги изучуваме првите модели на респиратори, со цел да ја откриеме суштината со која тие функционираат, а потоа почнуваме да работиме со сите современи респиратори и ние го нарекуваме “апдејтирање” со новите машини кои излегуваат на пазарот.

Кога некој министер, некој доктор, излегува од својата комфорна зона и се става на располагање на граѓаните и новинарите, како информатор(не како портпарол), со цел правилно и навремено истите да ги информира, можеме сите заедно да се потрудиме тој искрен чин да го пофалиме и да го испочитуваме.
Мислам дека е дојдено време, да си кажеме пофални зборови за она што некој друг го сработи, дека е одлично, дека така треба и дека секогаш можеме подобро заедно.
Доста се препукувања, дека оние што ја носат одговорноста незнаат, а другиве имаат решение за се.

По незнам кој пат апелирам до сите граѓани, до сите политичари, до сите владини и невладини организации, до сите новинари, дека сега е дојдено време сите заедно да се сплотиме, соединиме, да ги оставиме нашите верски, политички убедувања на страна и сите заедно да си помогнеме и да се извлечеме од оваа состојба.

Ви благодарам за трпението и времето читајќи го овој пост.

За крај,
Почитувајте ги мерките на Министерството за Здравство, зошто ние работиме за вас, а вие седете дома за нас!!!

Фотографија на Sasko Nikolov.

 

Sasko Nikolov

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори