Култура

Документарниот филм „Мие у Тетово“

беше прикажан пред тетовската публика

„Мие у Тетово“ е насловот на документарниот филм кој беше прикажан пред тетовската публика. Филмот прикажува гледишта на религиските заедници за соживотот и соработката на луѓето од различни етнички и вери.

Преставниците од трите верски заедници од Тетово сметаат дека луѓето меѓусебно се почитуваат иако се од различна етничка и религиска припадност, но како што велат потребна е нивна поголема соработка и комуникација.

Документарниот филм „Мие у Тетово“, го изработи невладината организација граѓански комуникации.

Невладината организација Граѓански комуникации, претходно организираше настани каде ги презентираа проблеми со отпадот и сообраќајот во градот.

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори