Социјални Мрежи

ДОКТОР ЗА РЕСПЕКТ И ПОЧИТ

ПОКЛОН ПРЕД ТЕБЕ ДОКТОРЕ

Пред седум години мојата сопруга на 31 годишна возраст доби прскање на анеуризма во мозокот (нема да пишувам за голготата помината додека не не примија на одделение во неврохирургија)……..

По итните проверки лекарскиот тим одлучува веднаш, утредента, да ја оперираат поради големо крварење, иако според некои медицински протоколи требало да поминат 21 ден за да има помалку ризик од смртни последици.

Вечерта додека чекав во ходниците доаѓаа сестри и прашуваа дали би сакал да разговараат со некои лекари да ја оперираат иако не им беше смена. (најверојатно, барем така помислив, беше во прашање околу пазар).

По консултации со мои пријатели на кои им кажав дека Др Венко Филипче се паѓа на смена за операција ме уверуваа да се одлучам за него.

Тогаш дојдоа најтешките моменти кога анестезиологот ме повика да потпишам документ дека операцијата е со ризик од, дури 50%, смртност. Лично отиддов во кабинетот на Др Филипче и во тој хаос од емоции го прашав што треба да направам за да ја спасам сопругата. Пред да влезам кај него дојдоа пријатели кои лично се понудија финансиски да помогнат да ја спасиме.

Кога Др Филипче ме ислуша изричито ми одговори дека јас не треба ништо да направам……….

Мое е само да верувам во него и Господ. Да бидам искрен во тој момент и станот бев подготвен да му го препишам.

Операцијата траеше 5 и пол часа и за среќа  заврши успешно. На кратко го видов докторот на излегување од сала и забележав дека едвам одеше од замор.

Потоа, додека сопругата беше во шок соба и откако се разбуди цело време бев таму присутен. За тоа време човеков го гледав нон стоп. Во разговор со сестрите дознав дека секој пациент што го оперирал, одел на кратко до дома и веднаш се враќал назад да му ја следи состојбата до будење и излегување од шок соба.

Познавајки го нашето здравство не ми беше верно, ама сепак бев лично сведок.

По опоравувањето и излегувањето од болница јас бев еден од најсреќните луѓе на светот.

Цело време се прашував како да му се одолжам на тој човек за сите работи што ги направи за моето семејство!

Разговарав со негови блиски луѓе како со еден мал гест, мал подарок даго почестам?! Сите ми рекоа дека ќе бидам одбиен.

Сега, ќе има и такви што ќе мислат дека ова е можеби реклама. За среќа постојат многу сведоци и јас лично сум се зарекол дека додека сум жив нема да дозволам за таа Личност да каже нешто лошо и да го негира фактот дека е најпозитивен пример за доктор и човек.

Одговорноста, чесноста и пожртвуваноста негова нека биде пример за сите во ова општество.

(ова е ФБ статус поставен на ѕидот на еден мој пријател кој и ми го прати овој трогателен текст).

ДЕЈАН ДИМИТРОВСКИ

 

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори