Колумни

Добро ви утро пријатели

По сабајлечки почнувам со филозофирање, но си велам има логика. Старите велат секое зло за добро, а јас се прашувам! Не е ли време да разбереме дека природата не опоменува и ни испраќа порака?
Да, време е да извршиме анализа што се и правиме на природата, колкави штети и нанесуваме на нашата мајка-Планетата Земја?
Колкава штета се нашите поделби (зборувам на глобално ниво)? Поделби по вера, нација, боја и што ли уште не. Па малку ни се тие поделби, па уште и партиски се делиме.
Драги мои, сите сме исти со иста крв, исто срце, исти внатрешни органи.
Поделбите се само во нашите глави. Било која несреќа не погаѓа сите, не не прашува прво кои сме. Несреќата нема пасош, не знае за граници. Во моите 64 години имало вакви состојби, но не до овој степен, но ќе речам: и ние не сме биле зли до овој степен. Зошто станавме толку зли, толку ли е тешко да се биде ЧОВЕК.
Верувам дека после ова зло ништо на планетава нема да е исто, се надевам дека ќе се освестиме и ќе почнеме да размислуваме за заедничко добро.
По мене, одлично е што во нашава ни мала земја, ова се случува со техничка влада. Ова е момент да се здружат силите на “непријателите” и заедно да се избориме со ова зло и да видиме дека заедно сме посилни.
Не е ли време да ги вратиме и семејните вредности? Седењето дома, се надевам, ќе ни ги отвори очите и ќе не врати кон семејството.
Затоа драги мои, сега кога короната не принуди, размислете, што до сега сме губеле и како да се “вратиме” на правиот пат.

 

Gordana Babic Janeska
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори