Култура

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА АНА ФРАНК: СТАКИЌ, САПУНЏИЕВА И ПЕНЕВСКИ

Годинашни добитници на Меѓународната награда Ана Франк сеМирјана Стакиќ (Србија), Алтенка Сапунџиева (Бугаријаи Зоран Пеневски (Србија).

Наградата ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

 Наградата се доделува за нивниот севкупен книжевен придонеса посебно на планот на културната соработка и размена на литературите на Балканот.

 Проф.др Мирјана Стакиќ е родена во 1973 година во Владичин Хан (Србија). Живее на Златибор и работи како вонреден професор на Педагошкиот факултет во Ужице (Универзитет во Крагуевац). Нејзината поезија е преведена на повеќе јазициа романот Приказната на Ана е објавен во Америка и ТурцијаАвтор е на голем број учебницимонографиинаучни и стручни трудовиЧлен е на Здружението на писателите на Србија.

 Алтенка Сапунџиева (уметнички псевдоним Латинка Златнае родена во 1957 година во Ловеч (Бугарија). Има објавено десет стихозбирки и една прозна книгаПреведува од македонскисрпскибосански и хрватски јазик и досега има преведено над 50 авториНејзините стихови се преведени на голем број јазици и добитник е на повеќе награди и признанијаЧлен е на Сојузот на бугарските писатели.

 Зоран Пеневски е роден во 1967 година во Панчево (Србија). Тој е автор на повеќе романи и графички романисценарист и преведувачПишува за деца и младиЖивее и работи во БелградАвтор е на романитеПомалку битни злочиниТраги на отсуствотоПолноќ на твоите раце и Лекторкако и на повеќе графички романиИма преведено над 50 книги од англискигермански и македонски јазикНеговите делаисто такасе објавени во странство – на англискифранцускихоландски и македонски јазик

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори