Македонија

Директорот на ДЗС го посети пунктот на Бошков мост

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски, денес, 21.03.2020 го посети пунктот на ДЗС кој е поставен на Бошков мост и ги поздрави припадниците на силите за заштита и спасување кои веќе една недела вршат дезинфекција на возилата кои се движат на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа. Тој им се заблагодари за покажаната професионалност и им посака успех во понатамошната работа. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување го посети и контролниот пункт на полициските служби кои заедно со припадниците на силите за заштита и спасување успешно ја извршуваат својата задача.

извор / ДЗС

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори