Димитров : Сакам да оддадам признание и благодарност до сите

Членството на Северна Македонија во НАТО се случува во момент кога светот се соочува со коронавирусот, можеби најголемиот глобален предизвик од Втората светска војна и затоа имаме ваква поприземна, поскромна церемонија, но тоа воопшто не го намалува историското значење на овој момент.

Сакам да оддадам признание и благодарност до сите вас, до сите македонски граѓани да ви го честитам овој огромен успех, признание и благодарност до плејада визионери, војници, дипломати, државни службеници и политичари, кои беа вклучени во оваа 27 годишна исклучително важна кауза!
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори