Колумни

ДАЛИ НЕКОГАШ СИ ВИДЕЛ ПОЧИСТ ВОЗДУХ????

ПОГЛЕД ОД САТЕЛИТ

НАСЛОВОТ Е РЕПЛИКА ОД ФИЛМ

Туку што изгледав еден, повеќе пати гледан, филм за еколошка катастрофа, за повторување на леденото доба.

Го гледав, со солзи на очи го догледав, затоа што филмот завршува со милион самосебе обвинувања дека човекот е најголемиот виновник за било која катастрофа  со катаклизмични размери.

Можеби звучи, во нормални услови, патетично, но ми значеше тоа што филмскиот претцедател на САД јавно призна дека ние сме виновни, дека Тој е виновен за сѐ што ни се случува. И постави едно крунско прашање: ДАЛИ ЌЕ ИЗВЛЕЧЕМЕ ПОУКА ОД ОВА?

Тоа е филм. Многу филмови, наречете ги веќе историски бидејки се снимени оддамна, ни даваат и претскажуваат големи несреќи кои можат и ќе не снајдат. Но, ние секогаш сме ги доживувале како винилска приказна, нечија фантазија која што нас не не засега!

Е па, еве се испоставува дека не засега, не засега и тоа како!

Не извлековме поука од филмот „ Епидемија„ со Дастин Хофман и Рене Русо кога за прв пат чувме за еболата како нов вирус избеган од нечија лабараторија. Но, го обвинивме зелениот мајмун. Тогаш мајмун, сега лилјак, па беа едно време и кокошки целата Животинска фарма на Орвел. „Епидемија“ завршува со податокот, криен во ракавот на еден генерал,( Доналд Сатерленд) кој од свои стратешки причини не го даваше. Многу патетика, многу емоции, но фактот е еден ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ ОБИДУВА Сѐ ДА УНИШТИ на крајот сам ќе се победи.

Во секое лошо има и нешто добро, велат старите.

Дали и ние ќе успееме да го видиме доброто во сето ова зло кое не снајде. Не снајде или сами си го баравме?

Податокот дека озонската дупка над најразвиениот, индустриски, крај во Италија, Ломбардија, полека но сигурно се затвора. Дека озонската дупка насекаде се регенерира. Нели е тоа еден доволен показател дека Мајката Природа морала да се заштити себе си и дека не постоел друг начин освен да почне, прво да не предупредува, а потоа да почне да не ништи ако не ни дојде умот.

Ако од сето ова не извлечеме поука, ако не се, ментално, реорганизираме, црно ни се пишува.

Кукавме, пиштевме од загадениот воздух. Кој го загадуваше? Ние, кој друг. Ни пречеа дрвата  по градовите и се ништеа. Кој тоа го правеше? Ние. Се посегна по белите дробови на Мајката Земја. Кој посегна? Ние.

Има уште многу НИЕ да се редат. Двоножното животно  на кое за жал дозволено му е да мисли и решава, да мисли и создава деструкции сѐ со една цел а тоа е заглупувување на популацијата двоножна без да помислат дека и тие се двоножни.

Ај да не го тупам, вие сѐ си знаете. Умни сте вие и можеби ќе ми помогнете и мене да ми дојде паметот.

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори