Македонија

Голема благодарност во име на народот на Северна Македонија, до УСАИД и УНИЦЕФ

за нивната помош во напорите на државата да одговори на КОВИД-19

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска го посети дистрибутивниот центар на Црвениот крст во Момин Поток за да се одбележи партнерството и поддршката со УНИЦЕФ и УСАИД во борбата против вирусот КОВИД-19.

Во прилог на оваа соопштение Ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Спасовски:
Глобалната здравствено-економска криза влијае посебно на семејствата кои живеат во супстандардни услови, кои се меѓу најзагрозените. Предизвиците растат а со тоа и бројот на лица, вклучително и деца, на кои им е неопходна заштита и сместување.
Согласно препораките на Владата за превенција и спречување на ширење на короновирусот, обезбедени се маски и гелови за дезинфекција за семејствата кои живеат во супстандардни услови и семејствата во ризик.
Сакам да ја изразам мојата, и благодарноста на Владата, во име на народот на Северна Македонија, до УСАИД и УНИЦЕФ за нивната помош во напорите на државата да одговори на КОВИД-19. Посебно признание сакам да изразам до сите волонтери на Црвениот крст, коишто се максимално посветени и вклучени во справувањето со оваа здравствена криза.
За семејствата кои живеат во супстандардни услови подготвени се пакети со хигиенски и заштитни средства и тие ќе се дистрибуираат во соработка со тимовите на Црвен крст.
Се грижиме за оние кои се најранливи, полесно да ги пребродат предизвиците.
Но најважно од се е, во овие исклучително сложени околности, сите да ги почитуваме препораките да останеме дома и на минимум да ги сведеме социјалните контакти.
Ако сакаме да излеземе како победници во оваа битка, многу е важно да ги прифатиме и спроведуваме мерките за претпазливост како што е физичката дистанца, да ги сведеме контактите на најнеопходните, и да го оневозможиме пренесувањето на вирусот.

Со почит,

 
Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат
Булевар „Илинден” бр. 2, Скопје
Република Северна Македонија
+389 2 3123 371; +389 2 3122 375
press@vlada.gov.mk
vlada.mk
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори