Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за приоритетите во областа на екологијата

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација на проекти кои ќе бидат од огромна важност за зачувување на животната средина. Поради тоа што неколку години наназад сме сведоци на енормно загадување на животната средина, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на низа проекти со цел подобрување на воздухот.

Најголеми приоритети во програмата за Обнова за Македонија се:

• чист воздух

• соодветен третман на отпад

• чиста вода и речни текови

• борба со урбаната бучава

• зазеленување на македонските градови и планини

• урбанизам за луѓе

• климатски промени

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди:

– Подигање на зелени појаси околу општините и населените места. Општините конкурираат со програми со кои може да им се отстапи државно земјиште: шума и голини. Притоа голините да бидат застапени со мин 50% од просторот, а општините да се обврзат во рок од 10 години успешно да пошумат минимум 80% од голините. Интенција ќе биде овие шуми да претставуваат организирани целини со градското зеленило.

– Строг и правичен инспекциски надзор над загадувачите на животната средина. Инспекциски надзор на животната средина, со особен осврт на загадување на воздухот и тоа: контрола на сите согорувачки процеси, отворени палења, горење стрништа, горење недозволени материјали во печки и на отворено, градилишта, комунални дејности, мали и големи индустриски капацитети, горење недозволени материјали во домаќинствата, мерење и контрола на емисии од транспортниот сектор.

Едни од најважните мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги примени се:

– ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

– НАМАЛУВАЊЕ НА УРБАНОТО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ

– ОСНОВАЊЕ НА ФОНД ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО РАМКИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА

– ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА СО МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ нуди голем број на проекти и мерки со цел зачувување на животната средина и тоа ќе биде еден од приоритетите на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

Граѓаните и најмладата категорија, нашите деца, заслужуваат здрава средина!

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, повеќе корупција и порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори