Колумни

АПЕЛ

ДО ПОЛИТИЧКИТЕ (ПОЛИТИКАНТСКИТЕ) ПАРТИИ (ДИВИ ОРДИ)

Многу пати досега, скоро за сите многубројни избори, сум апелирал и сум повикувал за некои работи.

Прво нешто кое никогаш не ми било јасно кога партиските органи имаат скоро идентични програми и ние, народот, секогаш сме им биле на прво место. Невидена грижа за нас Многу ви благодарам и лично чувствувам дека треба сите да се обединете во една партија и повторно да бидеме едно партиски систем. Сите до еден СУЛТАНИ на партиите се демострираат како најзагрижени за нашето здравје. И повторно ви благодарам. ЛААААЖАААМ. Ич не ви благодарам бидејки лажете. А зинете, а лажете. Затрајте се и не не оптоварувајте, и онака не ни е лесно. Не им е лесно на оние кои ја изгубија својата работа. Цела армија на луѓе кои беа задолжени за културата, за уметноста, за забавата буквално се оставени на милост и немилост. И што е најстрашно на никого не му паѓа на памет да поразмисли за тоа.

Ова погоре напишаното сватете го како вовед.

Апелот мои, во самиот наслов кажува за кого е упатен, е следен:

Бидејки сте многу загрижени за нашиот живот, нашето здравје, нашиот дигнитет сакам нешто да ви предложам.

Знам дека е за бадијала бидејки никогаш не допрело до вас јас ќе бидам упорен бидејки сега е нај вистинскиот момент.

Ве молам откажете се од кампањите, од билбордите, рекламите (ова последново е на моја штета), од шетања од врата на врата и сите пари предвидени, а не се малку и плус кога ќе се соберат од сите партии ќе дојдеме до една цифра од 100 милиони евра.

Не се тоа многу пари, но во оваа ситуација тие пари може да изгледаат како планина и во исто време со тие пари може да интервенирате и му помогнете на овој напатен народ.

Народот знае за кого ќе си гласа и без вашите кампањи и немојте да мислите дека сме дотолку немушти и дебилни дека ВИЕ ќе го формирате нашиот став.

Еве ќе почнам од себе. 2002-ра година еден лидер на победничката партија ме праша за кого гласав! Прашањето беше безобразно, но сепак му одговорив:

Се отепав од плачење и гласав за вас. Односно не гласав за вас, гласав против вашиот конкурент. За жал немав трета опција.

Господо од Султанските партии земете се в раце.

Народот, за кој толку многу се грижите, побара три работи од вас: Промена на изборниот законик, едно избирачко место, отворени гласачки листи, укинување на сите партии со национал шовинистички предзнак и над сѐ ПОПИС ( престанете да ме мавтосувате со прочистен избирачки список без ПОПИС.

Следете малку  и ќе ги видите сите тие работи во нивната програма.

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори