Македонија

Апел од редакцијата на ИДЕАЛНО

Не паничете само следете и почитувајте ги упатствата од Министерство за здравсто и Влада на РСМ

Да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Од нас зависи.

Редакцијата на идеално апелира до сите граѓани на РС Македонија да не креваат паника редовно да  следат упатствата од МЗ и Владата на РСМ бидејки ОД НАС ЗАВИСИ !!!.

Да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

А ние како интернет медиум се обврзуваме редовно и точно да Ве информираме за настанатата ситуација.

 

Како до правилна домашна само-изолација? Следете ги овие чекори. 👇

📍 Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.

📍 Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.

📍 Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.

📍 Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.

📍 Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.

📍 Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.

📍 Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.

📍 Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

📍 Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.

Да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Од нас зависи.

На веб-страницата на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë поставена е најновата листа на земји со среден и висок ризик од КОВИД-19.

👉 http://zdravstvo.gov.mk/…/Spisok-na-zemji-spored-rizik_13.0…

Во делот „Корона вирус“ (http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/) исто така може да ги најдете и сите информации, мерки, препораки, прес-конференции, прашања и одговори поврзани со овој вирус. Да се грижиме за сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Од нас зависи, #ЗаштитиСе.

 

со почит редакција

idealno.co

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори