Социјални Мрежи

Апел до сите оздравени од Ковид19

Вие, драги наши сограѓани, многу добро знаете какво е чувството да си заболен од оваа страшна болест. Вие сте го почуствувале тоа на сопствена кожа. Само вие и Господ знае низ што се’ сте поминале и какви црни мисли ви поминале низ главата. Верувам дека е многу страшно.
Благодарение на негата и лекувањето кои ви го пружиле здравствените работници, и со малку среќа, сте оздравеле и сте останале фала богу живи.
Бидете хумани и дарувајте крвна плазма, за да спасите животи на многу граѓани.
Сигурен сум дека и на најголемиот ваш душман не му посакувата да поминува низ се’ она кое вие го поминавте.
Бидете хумани, спасете животи.
Споделувајте, нека оваа моја порака и апел стигне до сите оздравени.
Јавното здравје е наша заедничка одговорност.

 

Tomas Jefferson
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори