Колумни

Ако видам и само еден човек во црква во време додека е на сила полициски час !!!

Ако видам и само еден човек во црква во време додека е на сила полициски час, објавувам дека веднаш излегувам на улица и ќе ги повикам сите мои пријатели да го направат тоа. Ке се причестувале од иста лажичка!?!?
Па јас тоа не би го направила ни во нормални времиња а не пак сега!
И кој ќе биде одговорен ако се заразат луѓе? Ќе одговара ли некој од МПЦ?
Црквата не плаќа данок, никогаш не сум сретнала податок за некоја сериозна донација, освен од поединци, на што им честитам. Збеснати се со тоа џиповите и ако не се лажам имаат и позавидна квадратура во недвижности.
И сега ја ставаат на коцка целата здравствена состојба на нацијата.
Илјадници луѓе се без работа, бизниси пропаѓаат, луѓе умираат тие ќе причестувале со иста лажичка!
Очекувам Владата да ја смени одлуката или да не пушти сите да си тераме работа, па секој со својата среќа!
И уште еднаш повторувам, еден да видам во црква во полициски час, излегувам и јас!

 

Maja Babić
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори